Мишел Обама конечно откри зошто направила некои измени во ентериерот во Белата куќа

2 септември, 2020
1302232


Токму во моментот кога сегашната прва дама Меланија Трамп е во центарот на вниманието на медиумите, која меѓу другото наводно изјави дека на Белата куќа и недостасува софистицираност и класика што Џеки Кенеди некогаш ја воведуваше, Мишел Обама го објасни својот стил на внатрешно уредување. Во вистинско време, книгата ја издава дизајнерот за внатрешно уредување Мајкл Смит, кој пред 12 години и помогна на тогашната прва дама Мишел Обама да го украси домот според нејзините потреби. Визијата на г-ѓа Обама беше да им обезбеди на своите девојчиња што е можно по безгрижно детство во пространа резиденција во Вашингтон, а истовремено да остави впечаток на елеганција што доликува на претседателското семејство.

Designing History: The Extraordinary Art & Style of the Obama White House: Smith, Michael S., Russell, Margaret, Obama, Michelle: 9780847864799: Amazon.com: Books


Белата куќа беше и канцеларија на нејзиниот сопруг, место за средби на некои од најважните луѓе во светот и музеј за многу посетители. Но, за четиричлено семејство, тоа исто така требаше да биде простор каде што ќе растат заедно.

The Obama Family's Stylish Private World Inside the White House Photos | Architectural Digest

‘Требаше да им обезбедам на девојчињата место за игра, простории каде што ќе можат да бидат безгрижни и да играат на подот со нивните омилени играчки. Тие исто така требаше да се чувствуваат доволно безбедни за да ги поканат своите пријатели од училиште тука, да гледаат филмови или да слават родендени заедно, и кога ќе падне снег во градината да направат снешко ‘, рече Обама. Таа особено ја пофали играта на осветлување што донесе доза на модернизам во Белата куќа, додека нагласи дека вековните лустери се пожелни во просториите за состаноци, но не и во делот каде ги одгледала своите две ќерки.

Margaret Russell Instagram (August 2020), For more than a year I lived here, at my dining table, surrounded by stacks of reference books and notes as I researched, tracked down photos, and then wrote the text for my friend Michael S. Smith's new book, 'Designing History: The Extraordinary Art & Style of the Obama White House'.