МИШЕЛ ОБАМА НАЈИСКРЕНА ДО СЕГА:„Сакав да го истуркам Барак низ прозорецот!“- ЕВЕ ШТО НАПРАВИЛ

8 септември, 2020
profimedia-0270846821

Откриени непознати детали…

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама зборуваше за својот брак со поранешниот американски претседател Барак Обама со кого следниот месец ќе ја прослави 28-годишнината од бракот, во новата епизода на нејзиниот подкаст. Со гостинот Конан О’Брајан зборуваше доста искрено за подеми и падови во нивниот брак. „Имаше моменти кога сакав да го истуркам Барак низ прозорецот. И јас го велам тоа затоа што чувствата во бракот се силни, но не смеете да се откажувате. Таквите периоди можат да траат долго. Може да трае со години“, изјави 56-годишната Мишел.

Мишел исто така истакна дека луѓето треба да бараат партнер како собир на кошаркарска екипа и дека секоја личност треба да ја избере најдобрата личност со која ќе го сподели својот живот. „Го сакате Леброн. Не сакате момче од клупата што не е значајно за тимот, но ние често не размислуваме за тоа. Треба да кажете: Се омажив за Леброн. Мојата верзија на Леброн. Но, мора да разберете и дека нема магичен начин да ја пронајдете совршената личност. Треба да пронајдете некого, да бидете искрени, сериозни и да планирате за иднината. Не можете да стапите во сериозна врска преку Тиндер“, рече таа.

„Слаткото е добро. Но, слаткото трае многу кратко и тогаш се поставува прашањето каква личност стои зад сето тоа. Ова е советот што можам да им го понудам на жените. Не гледајте на неговата банкарска сметка или физички изглед. Погледнете во срцето. Погледнете во душата. Погледнете како се однесува кон неговата мајка и што вели за жените. Како се однесува кон децата, кои не ги знае. И најважно од сè, како тој се однесува кон вас“, рече Мишел и рече дека секогаш треба да се чувствувате добро со човекот со кој излегувате.

escort - Korsan taksi