Мишел Обама призна дека се бори со оваа ментална состојба: Има денови кога не сакам да станам од кревет! (ВИДЕО)

8 август, 20200
Annotation 2020-08-08 001057

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, секогаш привлекува внимание каде и да се појави или што и да прави, но овој пат она што ја донесе во центарот на јавниот интерес е тема со која многумина можат да се поистоветат.

Имено, во втората епизода од нејзиниот подкаст “The Michelle Obama Podcast”, таа откри дека се борела со депресија во низок степен за време на карантинот заради пандемијата на коронавирус и поради сè што довело и одело рака под рака со протестите против расизмот што се одвиваа низ Америка – #blacklivesmatter.

„Јас се борам со некаква форма на депресија заради сето она што нè опкружува изминативе неколку месеци“, рече Мишел, која објасни како работела за да биде подобра, но дека имало периоди за време на карантинот, кога едноставно не излегувала од кревет.

Ако и вие се сочувствувате со Мишел Обама, знајте дека правењето одмор од социјалните мрежи и поминување време со семејството и пријателите. Како што рече таа – исто така и помогнале на нејзината ментална состојба.

Што е ниско ниво на депресија и како се лекува? Еве што треба да знаете:

Функционалната депресија нема статус на службена медицинска дијагноза, но тоа е добар начин да се карактеризираат луѓето со лошо расположение, ниска животна енергија и вознемиреност, објаснуваат експертите.

Повеќето луѓе со функционална депресија имаат дистимија (исто така познато како трајно депресивно нарушување), депресија од низок степен карактеризирана со замор и недостаток на енергија.

Овие се луѓе кои се претежно несреќни во животот, но не ја исполнуваат дефиницијата за класична депресија, која е потешка.

Нивните животи обично изгледаат вака; во надворешниот свет тие се продуктивни, многу успешни, но кога ќе заврши работниот ден, се трошат сите внатрешни ресурси.

Многу е важно да побарате помош, бидејќи ова нарушување се лекува. Најтешкиот дел е преземањето на првиот чекор, признавање на себе си дека ви треба помош, но нема подобар начин да се ослободите од негативните чувства отколку да разговарате со професионалец за ментално здравје.

Слушајте што има да каже Мишел Обама за нејзините чувства:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *