Мишел Обама зборува отворено за проблемите со ќерките и бракот со поранешниот претседател на САД

7 септември, 2020
o_14439988_1024

Мишел Обама никогаш не била вообичаена прва дама по многу нешта, а нејзината популарност не опадна ниту по мандатот на Барак.

Објавувајќи го својот нов проект, Обама рече дека ќе зборува за односите што нè прават личноста што сме, за предизвиците со кои се соочуваат родителите и сопружниците, за пријателствата што ги спасуваат во најтешките моменти. Таа сакаше да стори нешто со што секој ќе може да се идентификува, без оглед на животната позадина и ситуацијата, како што е глобалната пандемија.

Таа најави дека ќе се отвори и ќе ја покаже ранливата страна од себе и нејзините соговорници во првото шоу во кое гостин беше актерот Конан О’Брајан. Тие зборуваа за нејзините први години од бракот, нејзините проблеми со забременувањето и како тоа влијаеше на нејзиниот однос со сопругот.

Обама беа во врска 5 години пред бракот, па имаа некое време само за себе и кога се венчаа, тие беа подготвени за деца.

-Децата се прекрасен подарок и не би ги менувала за ништо, но понекогаш тие можат да ги расипат односите во бракот, се пошегува Мишел.

Нивните две ќерки оделе на универзитети пред да започне карантинот, така што семејството не било повторно обединето за тоа време и секој имал простор за себе. Малија студира на Харвард исто како и нејзината мајка, а Саша е на Универзитетот во Мичиген.

escort - Korsan taksi