Мистериозно село со шума од искривени дрвја во форма на буквата Ј

2 мај, 20200
ј

Во близина на селото Ное Царново во Полска има една мистериозна шума со околу четиристотини борови дрвја, високи еден до три метри. И не би било чудно ако стеблата на дрвјата не беа криви, односно не растат во форма на буквата Ј.

Многумина се обидоа да го толкуваат феноменот Krzywy Las (искривена шума), но ниту еден не успеа да ги докаже своите теории.

Дрвјата беа засадени во 1930-тите, а се претпоставува дека шумарите ги закривиле десет години подоцна, за да можат полесно да се користат во дрвната индустрија, а особено за изградба на бродови.

Други веруваат дека младите дрвја ги свиткале големи количини снег и така ги задржале на земја во зимските месеци, додека љубителите на мистеријата претпоставуваат дека формата на боровите дрвја се должи на минување на тенкови низ оваа област во Втората светска војна.


Се разбира, секогаш има група луѓе кои веруваат дека искривената шума е резултат на активност на вонземјани.

Иако не се знае што влијаело на појавата на оваа шума, нејзините сцени ги воодушевуваат многу патници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi