Млад пејач осуден на смрт поради изведување песна која ја навредувала верата

12 август, 2020
ghjkm

Речиси неверојатна вест доаѓа од Нигерија – еден млад музичар од сојузната држава Кано во северна Нигерија беше осуден на смрт со бесење за хула против пророкот Мухамед. Високиот шеријатски суд го прогласи Јахај Шариф (22) за виновен за песната опишана како навреда на пророкот Мухамед. Крајниот рок за жалба на пресудата е 30 дена. Претставник на полицијата од Кано, Лаван Мухамед, за агенцијата АП изјави дека е задоволен од пресудата. „Се надевавме на таа пресуда кога ќе го уапсиме“, рече тој. Демонстрантите ја запалија куќата на Шариф, откако тој ја објави песната на социјалните медиуми.