Момците се поемотивни од жените, но не во љубовта!

25 мај, 20200
mazi

Секое трето лице на работа крие емоции зад лажна насмевка, а мажите се шампиони во тоа.

Студијата спроведена на британскиот универзитет во Англија,Раскин покажа дека мажите се повеќе емотивни на работа отколку жените и дека се повеќе склони кон стрес.

Членовите на посилниот пол инвестираат повеќе емоции во деловните проекти и се чувствуваат лошо доколку не го исполниле рокот или го надминале буџетот на компанијата. Тие многу  се погодени од критики на работното место, се чувствуваат вознемирени ако нивните идеи и иницијативи се игнорираат или отфрлат, а дури 43 проценти од нив негодуваат.

Водени од емоции, тие исто така се подготвени да преземат драстични чекори – да си дадат оставка ако работите не одат како што замислуваат. Ако другите не ги слушаат, мажите тоа го поврзуваат со недостаток на авторитет или статус во фирмата. Д-р Тери Симпкин од овој универзитет посочува дека емоциите и моќта се неразделно поврзани.

Истражувањата покажаа дека секое трето лице на работа крие емоции зад вештачка насмевка. Дури 30 проценти од шефовите веруваат дека покажувањето емоции на работа е слабост, а 51 процент се убедени дека не треба да изразуваат чувства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *