Моника Белучи се појави на страниците на престижно списание: Оваа жена е уметничко дело! (ФОТО)

6 ноември, 2020
мони

Во специјалниот моден едиторијал на италијанскиот Вог, Моника Белучи глуми муза на млад скулптор, која изгледа како уметничко дело во раскошните креации на дуото Долче и Габана. Од прекрасна капа, до мал црн фустан, ова е модно задоволство што ќе го воодушеви секој љубител на високата мода.

Кога ќе се спомене легендарната италијанска модна куќа Долче и Габана, многумина веднаш ќе помислат на Моника Белучи, долгогодишното лице на познатото дизајнерско дуо.

56-годишната актерка, која многумина ја паметат по улогите во филмовите „Малена“ и „Стен“, снимаше бројни кампањи за облека, шминка и модни додатоци со потписот на оваа луксузна марка низ годините. .

Имено, во специјалното модно шоу Алта Мода, посветено на модната куќа Долче и Габана, Моника позира во раскошните креации на овие двајца, пред камерата на Себастијан Фаен.

Фотографиите се направени во студио за скулптури, во кое самата Моника изгледа како уметничко ремек-дело, исто како фустанот од италијанско производство што го носи.