Монт Еверест покриен со 5Г мрежа

27 мај, 2020
монт еверест

​Huawei и China Mobile поставиле предаватели за 5Г мрежа на Монт Еверест на 6500 метри надморска височина.

Во поставувањето на предавателите учествувале 100 работници и користена е опрема тешка 8 тони, а покриеноста на сигналот е овозможена и на самиот врв каде брзината на интернетот е 1GB/s. Предавателите се поставени од тибетантската страна на височина од 5399 и 5800 метри, а потоа и на висина од 6500 метри.

Заради тешките и непредвидливи услови поставувањето претставувало голем предизвик. Директорот на секторот за достава и услуги на Huawei изразил надевање дека на овој начин ќе го доближат Монт Еверест до многу научници, истражувачи и љубители на природата, а Huawei уште еднаш го докажал цврстото верување дека технологијата може да го направи овој свет подобро место.

Од сега па натаму, сите кои се качуваат на Монт Еверест од кинеската страна ќе можат да емитуваат видеа со кои ќе им го доближат на луѓето од целиот свет неверојатното искуство. Исто така, веста за освојуваето на нови врвови нема да се чека со недели, денови или часови, туку истите ќе можат да се следат во живо во висока резолуција.