4 август, 2020

Кога сте во близок однос со вашиот хороскопски знак, таа врска се чини нераскинлива. Вие сте спремни цел живот да се ослонувате на него.

Но, мора да го споделиме и мислењето на астролозите кои ова го потврдуваат – хороскопскиот знак МОЖЕ да се промени во текот на вашиот живот.

Пред да почнете да мислите како целиот ваш живот е една голема лага и како сте биле водени во погрешна насока, застанете и земете здив. Не е сѐ лага, всушност добар дел од она што сте го знаеле до сега е вистина. Еве за што се работи.

Постојат две астролошки карти кои одредуваат кои сте и што се случува во вашиот живот. Доколку ве интересира астрологијата и сметате дека во сето тоа има вистина, веројатно веќе сте ја виделе вашата натална карта. Таа се одредува со вашиот датум, место и време на раѓање. Кога го проверувате дневниот хороскоп, тој е основан на вашата натална карта.

Но, тоа е само половина од приказната. Другата половина е вашата напредна карта. Замислете ја вашата матична натална карта како астролошка снимка на моментот кога сте се родиле, а вашата напредна табела е мапа на како вие еволуирате и растете, во сооднос со вашето опкружување.

  • Дали тоа значи дека нашиот знак во хороскоп се менува на секоја година?

Не, всушност тој повеќе би се менувал на секои 30 години. Секој знак во себе има 30 степени, а Сонцето секоја година се менува за 1 степен, што значи дека на вашиот Зодијак му требаат 30 години да направи значајна промена. Иако можеби сте во искушение оваа промена да ја припишете на случувањата од вашиот живот, не е сѐ така едноставно. Годината во која вашиот напреден Сончев знак се менува зависи од денот кога сте родени.

Во суштина, ако сте родени во првите неколку дена од вашиот знак, вашето Сонце не би го сменило знакот сѐ додека не наполните 30 години. Но ако сте родени при крајот, таа промена на знак би се случила порано, објаснуваат астролозите.

Ако сте родени на 19-ти април, вашиот главен знак се преместил од Овен во Бик во раното детство, што може да објасни некои нагли промени што сте ги почувствувале. Со тоа, вашиот знак ќе се промени дури во раните 30-ти години.

  • Што се случува кога ќе се смени хороскопскиот знак?

Ставете ги појасите, полетуваме! Кога сте на 29 степени од вашиот Сончев знак, многу чудни работи почнуваат да ви се случуваат. Промени од типот на вашите вредности, животниот фокус и вашето ЈАС се манифестираат на поразличен начин, односно не сте како порано. Тоа е многу интензивно токму пред менувањето на знакот и во првиот степен на новиот.

Меѓутоа, тоа не значи дека станувате друга личност. Вие сте сеуште истите, но само ве управува друга планета. Ќе добиете друга енергија. Тоа не значи дека ќе се промените од корен, но ќе ви даде друг поглед на светот, и ќе можете да се доживувате себеси на различен начин. Ако на пример досега ви било проблем да ги разбирате емоциите на другите, сега тоа би можело да ви стане полесно.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Може ли да се промени вашиот хороскопски знак?
Горе