МУ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ „Ако Џорџ не го стори ова, Амал ќе се разведе од него“

2 декември, 2020
profimedia-0304275531

Дали на крај оваа одлука ќе им пресуди?

Еден од веројатно најинтригантните бракови во Холивуд е оној на 59-годишниот актер Џорџ Клуни и 42-годишната адвокатка за човекови права Амал. Иако парот, кој ги доби тригодишните близнаци Ема и Александар во шестгодишниот брак, се обидува да го задржи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, во медиумите се појавуваат нови информации кои откриваат што навистина се случува зад затворени врати во домот на семејството Клуни. Така, последниве, според National Enquirer, велат дека адвокатката му поставила ултиматум на актерот дека ако Џорџ не се придржува до тоа, може застане бракот.

Имено, извор за споменатите медиуми изјавил дека Амал е во страв затоа што се плаши нејзиниот сопруг, следниот пат кога ќе седне на мотор, да го загуби животот. Како што беше познато претходно, 59-годишникот имаше сообраќајна несреќа пред две години додека возеше мотор на Сардинија. Во интервју за GQ, Џорџ еднаш откри дека во тој момент помислил дека тоа ќе му стави крај на животот, а ужасното искуство му оставило последици на актерот долго време.

За тоа е свесна неговата 42-годишна сопруга, која, според изворот, решила да му забрани на актерот повеќе да вози мотори, а доколку не се придржува до нејзиниот ултиматум, бракот може да заврши. Патем, ова не е првиот ултиматум што Амал му го даде на Џорџ да го спаси бракот. Пред неколку недели, истите странски медиуми пишуваа дека на адвокатката воопшто не ѝ се допаѓал новиот имиџ на славниот сопруг, па таа се заканила дека ќе го остави доколку не ја избричи сивата брада, што стана негов препознатлив знак во последните месеци.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris