„Ај Кју“ не освоија награда на „Макфест“ ама затоа… Марија „освежи“ со деколте за „влажни погледи“, а Бојан со хумор на своја сметка, но можеби на туѓа адреса? (ВИДЕО)

22 септември, 2020
i q

Скопското љубовно-музичко дуо „Ај Кју“ по преставувањето на Македонија на „Евровизија“ и „тезга“ прошетката по неколку клубови низ Европа, по пауза од пет години му се врати на најстариот македонски фестивал на забавни мелодии, кој трае три и пол децении во континуитет – „Макфест“.

Сепак, Бојан и Марија и покрај атрактивниот настап останаа со „празни раце“ по нивната изведба на песната „Ти си ми сон“. Наградите на годинешниот „Макфест 2020“ ги одминаа и останаа само „нивен сон“, но затоа не ги одминаа некои други нешта, како впечатливиот изглед, особено кога е во прашање стајлингот на  баеги „раскомотената“ пејачка на дуото и секако, уникатниот хумор на своја сметка, но, дали не и на туѓа адреса, на расположената посилна половина на „Ај Кју“?!

Имено, Марија беше облечена во свечено здолниште, во кое изгледаше прилично предизвикувачки и провокативно, со сето она што мајката природа и го дарила и ја надарила, а модната креаторка сето тоа го спакувала во крецијата која го сервираше на увид нејзиниот граден потенцијал.

Таквата смела комбинација резултираше со тоа  пејачката да ја го понесе епитетот „најширокограда“ на макфестовската сцена, со деколте за „влажни погледи“ кај машката публика. Или барем кај оние, вистинските мажи, зашто Марија покрај песната имаше и визуелно што да понуди.

Впрочем нејзиниот колега и љубовен партнер од дуото, тоа најдобро го знае… Проверено!