Андреј и Панчо од „ДНК“ открија зошто не се дружат приватно (видео)

2 декември, 2020
dnk

Неодамна во вестите на www.vistina.com.mk  имавте прилика да прочитате дека дуото од ДНК, Андреј и Панчо не се дружат приватно.

Имено, Владимир Блажев или Панчо одговараше на прашања на неговите следбеници, а на прашањето дали е точно дека не се дружи со Андреј, тој одговори дека воопшто не се слушат и не се гледат.

За „Бекстејџ“ сега тие ја открија вистината за нивниот однос.

„Во денешно време со пандемијата, јас не знам кој со кого одржува нормален контакт. Сите се пазат. Што е до моментите кога се’ нормално функционира ние сме се гледале двапати, трипати во месецот, на проба, во студио, на настапи, концерти. Каков може да ни биде односот? По 22, 23 години низ се што поминавме заедно, убави работи, раѓање на деца, мекици, женачки, на големите концерти кои сме ги одржале заедно може да се видат нашите емоции, знаеме да се гушнеме, дефинитивно музиката е она што најмногу не спојува. Нема лоша нота меѓу нас, се’ е во ред. Функционираме професионално, малку сме различни во однос на начинот на живот и можеби поради тоа ретко се гледаме. Но, тука сме за важните работи во животот“, вели Андреј.

И Панчо ја кажа својата страна на вистината.

„Јас многу пати досега кажав дека ние воопшто не се дружиме и дека не сме блиски. Не се слушаме и не гледам причина за никаков проблем. ДНК е институција и ќе си функционира. За среќа на сцена функционираме феноменално иако слушаме различна музика. Некогаш не го принувам да снима нешто ако не му се допаѓа. Тој ги пее песните од срце и ако нешто не му се допаѓа може да корегира и тоа е тоа. Немам никаков личен проблем со него. Се знаеме 18+ години, никогаш не сме биле блиски, никогаш не сме се дружеле толку. Тој си има негови ритуали и принципи, јас си имам мои. Тоа е нормално, различни сме карактери. Тој сака ракија и пиво, јас не сакам ракија и пиво. Тој не сака спорт, јас сакам спорт. Тој сака да седи дома, јас не сакам да седам дома. Тоа е мал дел зошто не се дружиме. Кој и да работи била каква професија во канцеларија немора да се сака со секој и да се дружи приватно, едноставно треба да има респект и почит“, вели Панчо.

Целото интервју погледнете го во видеото подолу.