Ариана Гранде и фантастичната изведба “I Won’t Say I’m in Love” од Херкулес

18 април, 2020
Ariana-Grande

Ариана Гранде ја користеше својата платформа со цел да внесе светлина во светот додека трае корона пандемијата. Пред само неколку дена 26 годишната пејачка, ги здружи силите со група познати изведувачи за ABC The Disney Family Singalong.

Еденчасовниот настан во кој гости беа Рајан Сикрест, Деми Ловато, Кристина Агилера, Дерек и Џулијан Хоук како и Бијонсе – беа само дел, а Гранде ја имаше фантастичната изведба од нејзиниот дом на “I Won’t Say I’m in Love” од Херкулес.

Гранде исто така, неодамна на својот Инстаграм профил објави дека ги подджува Opportunity Fund, Feeding America, World Health Organization, како и Italian Red Cross, во нивната борба против корона вирусот.

Погледнете ја преубавата изведба на Гранде.