Биполарно растројство и борбата протв расизмот ја чинеа живот: Вака живеела Nina Simone!

12 јуни, 20200
nina simona

Кога имала само три години, Nina веќе го покажала својот талент- уште тогаш почнала по сопствен слух да свири клавир, без ничија помош.

Израсната е според строги црковни начела, па така во црквата започнала со своите први настапи, во мајчиниот црковен хор. Со оглед на тоа дека можела се да отсвири по слух, набргу почнала да учи да свири и класична музика со приватна учителка. Тогаш развила голема љубов кон Bach, Schopin, Beethoven и Schubert.

Кога наполнила 10 години, Nina го имала својот прв официјален клавирски настап во градската библиотека. Таму доживеала овации но и ја имала првата средба со расизмот. Во текот на настапот, нејзините родители биле преместени од првиот ред, за на нивно место да можат да седнат белци. Овој инцидент за неа бил многу трауматичен и веројатно еден од поттикнувачите кој ја водел до крајот на животот за се бори за слобода и граѓански права.  

Откако го завршола средното образование, нејзината заеднца собрала пари за нејзина стипендија за талентираната Nina да може да оди да се образува во New York. Семејството поради неа се преселило таму, но тогаш добиле писмо во кое пишувало дека Nina Simone не е примена. Надежта за кариера во класичната музика тогаш прекинала. Покасно тврдела дека причината поради која не е примена е токму -расизмот.

Тогаш почнала да ја гради својата кариера во друг правец. Почнала да пее во барови и го променила името од Junis во Nina, што значи “малечка” на шпански јазик и a “Simone” по глумицата Simon Sinjore.

Веќе со својот прв албум, кој се викал “Little Girl Blue” кој го издала во 1958 година,  Nina Simone постигнала голем успех. Албумот е продаден во повеќе од милион примероци. Од тогаш па до својата смрт, Nina Simone за различни дискографски куќи издала повеќе од 40 студиски албуми.

“Критичарите почнаа да пишуваат за тоа каква музика свирам” пишува Nina во својата автобиографија од 1991 година. “Пробав да најдам прикладен опис и класификација на мојата музика. На критичарите им беше тешко бидејќи изведував популарни песни во класичен стил со класични клавирски техники кои се инспирирани од џез музиката. Покрај се, во своите перформанси вклучив духовни и детски песни. Значи, да се заклучи каква музика изведував, на критичарите им задаваше проблеми, бидејќи во мојата глава имаше од се по малку.”

Јасно е дека Nina Simone е уметница која не можела лесно да биде сврстена во некој жанр. Во автобиографијата, Nina Simone пишува дека целта како уметница и била “… луѓето меѓусебно да се чувствуваат на длабоко ниво. Тоа е тешко да се опише бидејќи не е нешто што може да се анализира. Но кога еднаш ќе ја привлечете публиката, едноставно знаете – тоа е како струја, виси во воздухот.”

На албумот ” Nina Simone in Concert”, по прв пат отворено се занимава со расната нерамноправност во Америка, а со песната “Mississipi Goddam” која е нејзин одговор на убиството на Medgar Evers и бомбашкиот напад на баптистичката црква во Алабама каде загинале четири црнечки деца. Песната е бојкотирана во многу јужњачки американски држави.  

Од тогаш па се до својата смрт, борбата за граѓанските права станала тема на нејзиниот репертоар. Пеела и зборувала на многу собири. Снимила и обработка на песната “Strange Fruit” од Billie Holiday за линчувањето на црнците на југот, а ја пеела и песната “Images” за недостатокот на гордоста на афроамериканските жени. Исто така, сама ја напишала песната “Four Women” за четири различни стереотипи за афроамериканските жени.

Три дена откако е извршен атентат на Martina Luther King, му посветила цел настап на саемот Vestburi и ја отпеала песната “Why?”. Simone го претворила недовршеното дело на Lorraine Hansberry  “To Be Young, Gifted and Black” во песна за борбата за граќански права. Песната стана и официјална национална химна на црната Америка.

Nina Simone во музичката индустрија ја следел глас како хировита жена со тежок карактер, но таа силно се противела на тој опис. Нејзиниот вокален стил се карактеризира со интензивна страст и прозрачност. Позната е под надимакот “High Priestess of Soul”, а големо внимание посветувала на искажувањето на емоциите на сцена.

На еден албум или концерт, често умеела да се движи од интензивна среќа до трагична меланхолија што е и карактеристика на нејзиниот приватен живот кој го отежнало биполарното растројство кое и е дијагностицирано во текот на шеесетите години, но строго се држело во тајност. Во 1995 година со воздушен пиштол го повредила детето на соседите бидејќи и попречувал со смеењето. Го пукнала и извршниот директор на издавачката куќа кој го обвинила за кражба. Сега се знае дека оваа “потешкотија” не била само резултат на прекумерниот перфекционизам, туку и на психичката состојба.

Nina Simone во 1970 година ги напуштила Соединетите Американски држави. Непрестаната работа и падот на популарноста на американското движење за граѓански права ја исцрпило па заминала на Барбадос, очекувајќи дека сопругот и менаџер Andy Stroud ќе ја контактира кога ќе закаже некој концерт или настап. Но,  Stroud нејзиното заминување (и фактот дека го оставила венчалниот прстен) го сфатил како алузија на развод. Како нејзин менаџер, имал потполна контрола на нејзините приходи, поради што Nina Simone не ни знаела колку всушност заработува.

После тоа Nina отишла да живее во Швајцарија, па во Холандија, но на крајот трајно се сели во Франција во 1992 година. Разводот со сопругот и менаџер може да се смета и како крај на нејзиниот најуспешен период во американскиот музички бизнис и почеток на нејзиното, делумно самонанесено, прогонство и оттуѓување од остатокот на светот во следните две децении.

Nina Simone умрела во сон на 21 април во 2003 година во својот дом во Франција. По повод нејзиниот погреб Elton John пратил букет цвеќе со пораката:  

“Беше најголема и јас те сакам.”

 За нејзината глума, снимен е и документарен филм во 2015 година кој дури бил и номиниран за Оскар под името ” What Happend, Miss Simone?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi