„Bird Box“ добива продолжение во јули: Малорија е повторно на пат со децата и превезот преку очи!

6 јуни, 20200
bird

Сите го поставуваат истото прашање – дали конечно ќе се знае кој ја истреби планетата?

После светскиот успех на книгата и филмот „Bird Box“, во кој главната улога ја имаше Сандра Булок, писателот Џош Малерман ќе го објави продолжението на оваа пост-апокалиптична приказна – „Малорија“.

Во заплетот на книгата ќе бидат Мајлорија и нејзините деца Том и Олимпија, кои уште еднаш треба да го напуштат своето скривалиште и да се соочат со свет што не можат да го видат. Десет години по нивното последно патување, тие ќе мораат да се впуштат во уште едно-со превез преку очите, кога Малорија ќе дознае дека бројот на преживеани може да биде поголем од нивната мала заедница.

Книгата ќе биде објавена на 21 јули, но веќе може да се најде во претпродажба во онлајн книжарници на англиски јазик.

Да ве потсетиме, во светот на Малерман, неодредена сила ја презеде планетата. Оние кои Малорија ќе ги погледне веднаш се принудени да се самоубијат. Таа и двете деца што ги воспитува се меѓу ретките кои преживеале.

„Bird Box“  беше објавена од Малерман пред шест години, а во 2018 година,”Netflix” направи филм со исто име засновано на неговата приказна, со Сандра Булок во главната улога. Филмот бил стримуван 45 милиони пати во првата недела, додека Малерман стана и најпродаваниот писател на листата на “New York Times”, четири години по објавувањето на книгата.

Bird Box Horror GIF by NETFLIX - Find & Share on GIPHY

Филмот се здоби со глобална популарност, па дури и започна многу опасен предизвик, кога луѓето се обидуваа да се снајдат во своите домови и околината со превез преку очи.

Пред објавувањето на новата книга (што веројатно ќе биде проследено со филм), главното прашање што сите го поставуваат – дали конечно ќе се знае кое суштество ја истребило планетата? Дали ќе го „видиме“?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *