Бред Пит се откажува од глумата и започнува необична кариера!

13 јули, 20200
pit

Бред Пит е еден од најпопуларните актери во светот, кој е испишан во историјата на филмот и Холивуд со бројни славни улоги. Сепак, се чини дека му беше доста од тоа и сега тој планира да се „фрли“ во пчеларството.

brad pitt

Имено, 56-годишниот Бред беше запознаен со ова хоби од еден пријател и колега, Леонардо Ди Каприо. „Тој потполно полуди за тоа, тој дури и изгради огромни пчеларници во градината на неговиот дом во Лос Анџелес“, открива изворот, додавајќи дека на Бред му дошло преку глава од актерството, но и од папараците и рефлекторите кои постојано се околу него.

‘Тој тврди дека глумата е за некои помлади генерации. Сега му треба нешто посмирено и останува само прашање на време пред да му каже „збогум“ на Холивуд и да се посвети целосно на неговото омилено хоби – пчеларство “, неименуван извор близок на актерот откри за списанието National Enquirer.

Патем, освен пчеларството, Бред има уште една друга поинаква страст – мотоцикли. Сепак, неговите деца воопшто не го сакаат тоа, и го молат да престане. “Секако, тоа е доза на адреналин. Сега тој не пие и не живее зен стил, но сака да се вози низ Калифорниските кањони со голема брзина. Иако мотоциклот е негова страст со години, но сега стана проблем, бидејќи децата порано беа мали за да ја разберат опасноста што тој ја крие “, откри изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi