Целиот свет зборува за реакцијата на Џордан на прашањето дали неговиот тим бил „подвижен кокаински циркус“

20 април, 20200
jordan

Легендарниот кошаркар успеа да подигне прашина во САД

Чикаго Булс некогаш беа еден од најпознатите кошаркарски тимови во историјата на НБА, но во исто време тие важеа за „подвижен кокаински циркус“.

Документарниот филм „Последниот танц“ посветен на Мајкл Џордан, ни дава добар увид во тоа како функционирал клубот за време на славата во 90-тите, кога станаа единствена франшиза која повеќе пати го освојуваше шампионскиот прстен и никогаш не ја загубија финалната серија.

 Филмот не опишува само како Џордан дава кошеви, туку каква личност бил и со какви животни и спортски околности се соочувал. Тука има интересни сведочења, а дел и шокантни.

Се зборуваше дека Чикаго Булс всушност бил патувачки кокаински циркус.

Џордан открива како ветераните на Булс се забавуваале во текот на претсезоните.

Бевме во еден хотел, а јас се обидував да ги најдам моите соиграчи. Тропав по вратите, стигнувам до една соба и можев да чујам како некој да рече: „Aх, некој е надвор“. Некој со длабок глас ми рече: „Кој е?“ Јас му реков, тоа сум јас, Мајкл. Тие потоа изговорија: „Ах, па, тој е оној новиот “.
Кога ја отворија вратата, речиси целиот тим беше таму. Тоа беа работи што никогаш не сум ги видел во животот како тинејџер. На една страна имаше линии кокаин, на друга страна беа пушачите на марихуана, а имаше и многу девојки“, раскажа шесткратниот првак со Булси.

Кога го видов сето тоа излегов. Си размислував, што би се случило ако полиција направи рација. Би бил еднакво виновен како и другите во собата. Заминав веднаш, си реков – не е ова за мене“, изјави Џордан.

Еден од најголемите кошаркари досега истакна дека никогаш немал порок во животот.

– Никогаш во животот не сум пушел, зимал кокаин, ниту пиев алкохол додека играв.

Сепак, она за што денес зборува за целата американска јавност е реакцијата на Мајкл Џордан на прашањето на репортерот на ЕСПН за „подвижниот кокаински циркус“, што беше неофицијалниот прекар на неговиот Чикаго Булс.

Легендарниот кошаркар само избувнал од смеа на прашањето на новинарот за циркусот, а потоа открил дека тој поминал поголем дел од својата кариера играјќи карти и гледајќи филмови.

https://twitter.com/i/status/1252049397824847872

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi