Ed Sheeran, Rolling Stones и многу други музичари го поддржаа итниот повик за спас на живата музика во земјата!

3 јули, 20200
ed

Околу 1.500 музичари, меѓу кои и Ed Sheeran, Paul McCartney i Rolling Stones, ја повикаа британската влада да ја спаси музичката индустрија во живо, за која се заканува пад заради пандемијата на корона. Coldplay, Eric Clapton, Sam Smith, Rod Stewart, Liam Gallagher, Iron Maiden, Dua Lipa, Skepta i Florence + the Machine исто така потпишаа отворено писмо во кое предупредуваат дека се работи за илјадници работни места.

Тие наведуваат нова студија која покажува дека минатата година музиката во живо и донесе на Британската економија пет милијарди евра и се обезбедија 210.000 работни места низ целата земја.

– Музиката во живо во Велика Британија е еден од најголемите социјални, културни и економски успеси на оваа земја во последната деценија – напишаа музичарите во писмото до министерот за култура, Оливер Дауден.

Но, бидејќи на крајот на социјалното растојание не му се гледа крајот, ниту пак владата се согласи да обезбеди финансиска поддршка, иднината на концертите и фестивалите и стотиците илјади луѓе кои работат на нив изгледа мрачна.

Велика Британија беше тешко погодена од пандемијата на корона вирусот со повеќе од 54.000 смртни случаи. Владата ги олабавува рестиркциите наметнати кон крајот на март, така што пабовите, рестораните и музеите ќе се отвараат во текот на викендот, но местата за музика во живо ќе останат затворени.

„Сè додека не се отворат повторно, што веројатно ќе биде во 2021 година, владината поддршка треба да биде клучна во спречувањето на крајот на водечката светска индустрија“, се вели во писмото.

Индустријата за музика во живо сака јасна временска рамка за отворање без мерки за социјална оддалеченост и поголема поддршка од Владата за работниците кои се привремено отпуштени.

„Тимот зад сцената е клучен за одржување на одлични свирки, но сите ќе ги загубат своите работни места ако не можеме да се вратиме и да го правиме она што го сакаме“, рече Галагер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *