Еве во која серија требала да глуми Тејлор Свифт

23 јуни, 2020
хјбјнбкј

Без сомнение, Vampire Diaries е серија што ја гледаме одново и одново , но новото сознание за серијата нè натера да ја сакаме – дури и повеќе. Во неодамнешното интервју, Нина Добрев откри дека Тејлор Сивфт требало да глуми во серијалот па размисливме за целата ситуација. „Се сеќавам дека на самиот почеток на снимањето слушнав дека Тејлор беше голем обожавател на серијата“, рече Нина и додаде: „Знам дека продуцентите се обидоа да напишат улога за неа“.


Всушност – улогата е напишана, но Тејлор не можеше да го снима филмот. „Распоредот за снимање и нејзините распореди околу музиката воопшто не се совпаѓаа“, објасни Нина. Можеме да замислиме колку би било убаво ако Тејлор беше вампир, кој се дружи со Елена – и Нина се согласува со ова. „Тејлор би била одлична во серијата“, заклучи таа. Секако, ова не би било прв пат Тејлор да ја испроба својата улога како актерка: таа имаше епизодна улога во серијата Истражувачи од Мајами, но и во филмот Денот на вљубените .