Феникс би можел да заработи 50 милиони долари доколку прифати да глуми во две продолженија на „Џокер“

14 септември, 2020
zjtz

Откако освои неколку награди, меѓу кои и Оскар, за портрет на негативец од стрипови, холивудскиот актер преговара за враќање на филмското платно. Се пишуваат сценаријата за двете продолженија на „Џокер“, а Хоакин е запознаен со тоа.


Актерот Хоакин Феникс (45) може да добие неверојатни 50 милиони долари за улога во две продолженија на филмот ‘‘Џокер’, пишува Мирор. Во моментов е во преговори за понатамошна работа.

Хоакин првично сметаше дека „Џокер“ ќе биде самостоен филм. Но, сега се предомисли. Тој сака повторно да го игра овој лик, и покрај полемиките што следуваа – изјави извор за странски медиуми.


Се пишуваат сценарија, а Хоакин е запознаен со тоа. – Warner Bros планира да направи две продолженија во следните четири години. Само се чека Хоакин да ги прифати условите и најголемата заработка во неговата кариера досега – додаде изворот.

44th Toronto International Film Festival


Феникс чекаше до последната минута да потпише договор за првата улога на окер, но за продолженија се обидува да се ангажира на долг рок. Продуцентите се надеваат дека филмовите ќе бидат подготвени за 2022 и 2024 година.