Грета Тунберг се врати, овој пат ќе ја гледаме во кино салите

6 септември, 2020
greta-tunberg-film


Долгометражниот документарец за Грета Тунберг (17) наречен „Јас сум Грета“ доби третман за потенцијален филмски хит низ цела Европа и Америка. Филмот беше прикажан вчера на Филмскиот фестивал во Венеција и иако се шпекулираше дека ќе се појави Грета, нејзиното експлицитно одбивање да користи авионски превоз, како и почетокот на учебната година, ја спречија да присуствува на премиерата.

Овој документарец е интимен, човечки портрет на Грета Тунберг, кој ја следи оваа тинејџерка од нејзините први активистички денови – одбележувајќи го штрајкот на училиштето во август 2018 година, сè до двонеделното патување со брод преку Атлантикот до Самитот за климатски промени на Обединетите нации во септември 2019 година.


„Јас сум Грета“ исто така дава детален увид во нејзиниот семеен живот и борбите во кои се најде како клучна фигура во движењето за животна средина – платформа што на моменти претставуваше сериозен предизвик за неа. Грета Тунберг е личност која наидува на спротивставени мислења од пошироката јавност, од воодушевување до осуда, но факт е дека прашањата што таа ги поставува на планетата се од клучно значење за опстанокот на човештвото. Затоа, какво и да е мислењето за неа и нејзината ненадејна планетарна слава, не можеме да негираме дека е време киносалите, наместо суперхерои, да добијат вистински херои кои, без суперсили, сепак се обидуваат да го спасат светот.

escort - Korsan taksi