Хали Бери се откажа од улогата и се извини – не ни требаше да ја земам во предвид…

8 јули, 20200
hali beri

По критиките на социјалните медиуми Хали Бери се извини и објави дека се откажува од улогата на трансродов маж во претстојниот филм.

„Како личност која е цисродова, јас дури сега сфатив дека не требаше ни да ја земам оваа улога во предвид. Трансродовата заедница несомнено треба да има можност да ги претстави своите приказни“, напиша таа на Твитер.

„Благодарна сум за водството и  критичните разговори во изминатите неколку дена и ќе продолжам да слушам, да се едуцирам и да учам од оваа грешка“, додаде таа. Таа исто така напиша како ќе го користи својот глас за промовирање на таа заедница, зад и пред камерата.

Многумина и се заблагодарија што ги послуша, а нејзиниот потег го пофали и LGBTQ здружението GLAAD. „Другите моќни луѓе треба да го сторат истото“, напишаа на Твитер. „Добар почеток е гледањето на документарниот филм Disclosure: Trans Lives on Screen за да научиме нешто за претставувањето на транс заедницата во медиумите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi