Хју Грант откри која е неговата омилена колешка: “Сè уште сме во контакт”

2 декември, 2020
1356246


Иако ги изгуби сите контакти со повеќето свои колешки, со кои играше во филмови, постои една актерка со која сè уште редовно се слуша. Станува збор за Рене Зелвегер, со кого глумеше во филмови за Бриџит Џонс и со која се зближи за време на снимањето.


Како што откри 60-годишниот Хју Грант како гостин во шоуто The Jess Cagle, единствената актерка со која сè уште е во контакт е Рене Зелвегер, со која глумеше во франшизата Бриџит Џонс. Во филмовите го играше нејзиното момче Даниел Кливер, а актерите толку добро се согласуваа што продолжија да се дружат и по снимањето.


Денес, тие главно ја одржуваат својата комуникација со размена на долги електронски пораки.

‘Ја обожавам Рене. Таа е една од ретките актерки со која сè уште сум во контакт и сè уште добро се согласуваме. Честопати разменуваме долги мејлови“, рече Хју Грант, кој потоа го пофали актерскиот талент на својата колешка, особено во филмот во кој таа ја играше Џуди Гарланд.


За време на интервјуто, Хју Грант, татко на пет деца, зборуваше за својата улога Даниел, кој беше во бурна врска со колешката Бриџит во блокбастерот „Дневникот на Бриџит Џонс“ во 2001 година, како и продолжението на хитот „Бриџит Џонс: На работ на мудроста“ од 2004 година.


‘Уживав додека го играв Даниел, всушност, некако се поврзав со него. Тој е разочаран маж кој работел во издаваштво и сакал да напише своја книга, но не успеал во тоа.’