Изменети правила за следните Оскари!

30 април, 20200
оскар 2

Датумот останува ист, а еве кои се промените!

Академијата за филм и наука, која е организатор на престижните награди „Оскар“, објави дека, поради престанок на работа на кината заради епидемијата на корона вирусот, само филмовите прикажани на платформи за стриминг и Pay-Per view ќе се натпреваруваат за Оскарите следната година, Објави Ројтерс. До сега, филмовите можеа да конкурираат за Оскар, под услов да бидат прикажувани во некое кино во Лос Анџелес најмалку седум дена, но сега кино салите во САД се  затворени заради појавата на корона вирусот, а премиерите  на бројни нови филмови се откажани.

Најголемите американски филмски прикажувачи АМC, Regal и Cinemark велат дека не очекуваат реактивирање на кината пред крајот на јуни или почетокот на јули.

Датумот на следната церемонија на доделување на Оскарите засега е непроменет и треба да се одржи на 28 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *