Јован Јованов номиниран за најдобар продуцент на САД: По Трите награди за филмска музика, ова е ОГРОМНА ЧЕСТ

11 декември, 2020
jovan jovanov

Композиторот и поранешен пејач, Јован Јованов, кој веќе пет години живее во Канада, освои три награди за филмска музика, за филмот Petrichor. Филмот, кој ја раскажува приказната за девојка која се бави професионално со уметничко лизгање, својата премиера ќе ја има догодина. Јован е композитор на песната Not Affraid to Fall, која е дел од саундтрекот на филмот.

„Наградите за најдобра песна од саундтрек ги освоив заедно со Лива, со која ја работев Not Affraid to Fallа. Едната награда ја добивме на меѓународниот фестивал American Golden Picture на Флорида, а другата на Venice Film Festival во Калифорија. Третата награда е на Tracks Music Awards, кој е меѓународен музички фестивал“, откри Јован за „Репортер“.

Освен што ги освои трите престижни награди, тој ни кажа и дека е номиниран за наградата Најдобар продуцент на Hollivud Music in Media Awards, што ќе се доделуваат во јануари. Тој и лани беше дел од доделувањето на овие награди. „Огромна чест е што добив номинација за оваа награда, оти е моја прва номинација за продуцент во Америка.

Песната што е номинирана, се вика Your Love, а ја пее Дион Јорки“, ни кажа Јован. Јован, кого јавноста го знае и како Џеј Џеј, од Македонија си замина во време кога музиката стагнираше. Но, и покрај тоа што се пресели во земја каде што е тешко да се пробиеш на музичката сцена, во ниеден момент не помислувал да се откаже од музиката, оти со неа се занимава повеќе од 20 години. Почна со групата „Магија“, преку соло кариерата, па компонираше песни за македонските пејачи. Откако успеа во Канада, каде што има свое студио, сега планира да го освојува и центарот на музичката индустрија во светот и сака наскоро да се пресели со семејството во Лос Анџелес.

Текстот е превземан од Reporter.mk

escort - Korsan taksi