К-поп го освојува светот: Групата БТС со новиот сингл Dinamite го разбранува Јутјуб и ги сруши сите рекорди

26 август, 2020
f_8557857_1024

Новото видео на оваа К-поп сензација во првите 24 часа има повеќе од 100 милиони прегледи

Ѕвездите на к-поп сцената, БТС, со својот нов сингл Dinamite ги сруши ситр рекорди на Јутјуб, а нивниот нов спот има повеќе од 100 милиони прегледи само за 24 часа откако е објавен.

Овој бенд од Јужна Кореја така ги освои највеќето прегледи на таа платформа во првиот ден на објавување и го сруши досегашниот рекорд кој исто така го држеше една К-поп група Блекпинк која порано во 2020 година собрала 86,3 милиони прегледи во првиот ден.

Со вкупно 101,1 милион прегледи првиот ден, БТС сруши уште еден рекорд за најуспешна премиера на гласовен спот во повеста на Јутјуб при пто повеќе од милион обожаватели ја следеа премиерата на видеото.

Песната Dinamite во трката е на прво место и на британските топ листи а прва е и на листот на Итнес во бројни категории, вклучувајќи ја и Велика Британија.

БТС, што е кратенка од “behind The Scenes’ (зад сцената) е седмочлена група чији членови се

РМ, Џин, СУГА, Џ-хоп, Џимин, В и Јунг Кук.

Оформен во 2013 овој “Бојбенд” се воздигна до светската слава во последните неколку години, a  изминатите години се класифицирани на листата на магазинот Тајм меѓу стотина највлијателни луѓе на светот за 2019 година.

Bo историјата влегоа како прв јужнокорејски бенд кој настапуваше на стадионот Вембли, а тој концерт беше распродаден во само 90 минути

Песната Динамит во која се спомнуваат американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс, Ролинг стоунс и Кинг Конг , е нивен прв сингл отпеан целосно на англиски.

И додека веќе двапати беа на врвот на британската листа на албуми, ова ќе им биде, ако успеат да победат во трката, прв број еден на листата на песни.

Додека не се случи тоа, момците можат да го слават својот рекорд на Јутјуб

Сепак нивниот рекорд може да биде краткорочен, затоа што во врат опасно им дише уште една К-поп сензација, девојките под името Блекпинк кои го објавија синглот Ice Cream кој настана во соработка со Селена Гомез.

escort - Korsan taksi