Како нарачана за овој период: Тhe Rolling Stones имаат нова песна (ВИДЕО)

24 април, 20200
stones

Напишана е за само десет минути и алудира на моменталната светска состојба.

Британскиот бенд „The Rolling Stones “, после осум години конечно објавији нова песна – „Living In A Ghost Town“.

Зборовите на песната алудираат на кризата во светот денес, а особено во оној дел каде се пее дека животот бил убав пред изолацијата, како оној кога фронтменот на бендот, Мик Џегер вели дека се чувствува како дух кој живее во град на духови.

Сепак, во соопштението на групата се вели дека песната првично е снимена пред една година во Лос Анџелес, но завршена за време на карантинот.

„Песната не беше напишана за сегашната ситуација, но е напишана за тоа како е да се биде на место кое е полно со живот и потоа како е сега, кога сè е без живот“, изјави Џегер за странските медиуми и додаде дека песната е напишана за само 10 минути.

„Living in a ghost town” е првиот сингл објавен од Stones од 2012 та година, кога излегоа нивните две песни „Doom and Gloom“ и „One Another shot“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi