КЕВИН И КИРА во емисијата дознаа дека се РОДНИНИ: Тие се во брак 32 години, а ова сознаније ги шокираше!

25 октомври, 2020
кевин и кира

Кевин Бејкон и Кира Седгвик, иако се во хармоничен брак 32 години, изгледа дека не знаат сè за едни со други.

Славниот актер и неговата сопруга откриле дека истата крв им тече во вените во шоуто што го проучува семејното стебло на славните.
По првиот шок, откако дознале дека не се само маж и жена, овие двајца се олесниле, бидејќи било утврдено дека се работи за деветтата генерација, па затоа им се „олеснило“. Кевин и Кира имаат две деца, синот Тревис (22) и ќерката Соси (19).

“Таа е љубовта на мојот живот, јас го знаев тоа. Но, кога таа влезе во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Сепак, се случи љубов и нашите деца почнаа да се раѓаат, а понудите за филмови конечно почнаа да се бројат “, еднаш опиша Кевин.