Ќерката на славниот музичар откри детали од снимањето на еден од најисчекуваните филмови: „Тој не е само убав, туку и одличен актер“

27 јуни, 2020
fgf


Поранешниот тинејџерски идол се стекна со статус на мега ѕвезда благодарение на улогата на Едвард Кален во филмската серија ‘Sumrak saga’ со Кристен Стјуарт и после тоа не исчезна, туку ја гради својата кариера со внимателно избирање на улогите. Иако многумина беа скептични во врска со ангажманот на згодниот Британец како Бетмен во новата верзија на филмската приказна за тој суперхерој, се чини дека Петинсон добро се снајде во таа улога – барем така вели неговиот колега од сетот Зои Кравиц.

‘Тој изгледа навистина, навистина добро во костим за Бетмен! Но, не само тоа, тој е исто така одличен актер. Тој е многу интересен и потполно се внесува во улогата. Сите имаме една визија за тоа како треба да изгледа Брус Вејн и мислам дека Патинсон совршено се вклопува. Можеме да го замислиме како Бетмен. Да, и неговиот костум изгледа многу добро “, рече Кравиц. Таа додаде дека тој е многу креативен актер, на кратко совршен за улогата.