Крајот на серијата „The undoing“ ги остави гледачите збунети: Ова се прашањата кои најмногу ги мачат!

4 декември, 2020
1348648

Шест епизоди од минисеријата „Распад“ на HBO, што можете да ги гледате на MAXtv, успеаја да ги намамат гледачите од целиот свет за само неколку недели, а потоа да ги остават збунети и со неколку прашалници над главите на крајот. Еве што остана неодговорено и како продуцентите навистина ни ги заматија очите и нè одведоа на погрешен пат


Врз основа на романот „Требаше да знаеш“ на писателот Џин Ханф Корелиц, минисеријата „Распад“ ги воодушеви гледачите за малите екрани ширум светот. Хју Грант и Никол Кидман, кои првпат глумат заедно, олицетворија богат пар од Менхетен, што се покажа како победничка формула.

Зошто Џонатан го ’планираше’ своето патување во Кливленд? Веќе во првата епизода дознаваме за ужасното убиство на младата Елена (Матилда Де Анџелис), околу чие разрешување и откривање на сторителот подоцна се врти целата серија. Останува една мистерија за тоа зошто Џонатан (Хју Грант) и соопштил на сопругата Грејс (Никол Кидман) ден пред убиството дека оди на деловна активност на медицинска конференција во Кливленд.

Nicole Kidman u HBO-ovoj seriji 'Slom'

Во третата епизода од серијата, на гледачите им се прикажани неколку сцени кои сугерираат дека таткото на психотерапевтот Грејс, богатиот Френклин (Доналд Сатерленд) се сретнал со Фернандо, сопругата на убиената Елена. Имено, Френклин се најде точно пред зградата на убиената жена, во делот од градот каде ретко го гледаме.

Nicole Kidman u HBO-ovoj seriji 'Slom'


За време на некои епизоди, Грејс се присетува на сцената на убиството на младата Елена, со која имала интимна врска. Поради ваквите сцени, таа е една од осомничените во окото на гледачот. Сега, кога сите го познаваат вистинскиот убиец, се прашуваат како Грејс дури можела да знае како се случило убиството. Дел од теоретичарите тврдат дека сето тоа е каење затоа што Грејс потсвесно знаела дека го штити убиецот.