Креаторот на “Peaky Blinders” ги откри оригиналните планови! Зошто Џејсон Статам ja изгубил улогата на Томи Шелби?

3 јуни, 20200
pb

Во драмата на BBC се гледа дека Силијан Марфи ја игра главната улога во семејството Шелби, но креаторот на серијата, Стивен Најт сега откри дека Џејсон(52) беше неговиот оригинален избор за улогата.

Говорејќи за “Esquire”, ​​Стивен се потсети: “Ги запознав двајцата во ЛА за да разговарам за улогата и се решив за Џејсон.

Сепак, текстот од 44-годишниот Силијан наскоро му го смени мислењето на Стивен.

Тој се присети: Потоа, тој ми испрати текст во кој пишуваше:„Запомнете, јас сум актер“.

“Тоа е апсолутно точно бидејќи тој може да се трансформира. Ако го сретнете на улица, тој е сосема друго човечко суштество”.

Стивен исто така објасни како ќе се одвива предавството на Томи во шестата сезона.

“Плановите на Томи беа целосно разоткриени од страна на предавникот, откако неговиот трик за асистенција на фашистичкиот пратеник Освалд Мозли лошо се заврши на крајот на петтата сезона.” За време на гледањето во живо серијата, ​​Стивен рече: “Па, сега влегуваме во делот каде што луѓето сè уште ме прашуваат, кој интервенираше и што се случи. Не можам да ви кажам и ќе мора да дознаете.”

“Сето тоа е дел од патот на Томи Шелби. Неговите планови работат, потоа пропаѓаат, а после некое време се враќаат во првобитната состојба. Оригиналното прашање што го поставив пред да започнам да ја пишувам серијата, е дали може некој со позадина на Томи Шелби во Велика Британија,влклучително  неговото воспитување,  некогаш да стане прифатен или угледен? Или е тоа безнадежна задача?”

Стивен додаде: „Сакав да го истражам тоа во текот на целата серија и се надевам дека ќе успеам да одговорам на тоа прашање на самиот крај. Кога ќе стигнеме до самиот крај. Ако стигнеме до самиот крај“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi