„Медиумите пишуваа дека Боуви изгледа здраво, но позади бината тој се онесвестуваше од исцрпеност“ – Последните години од животот на Дејвид Боуви

2 јули, 2020
bouvi

Легендарниот Дејвид Боуви, кој почина пред повеќе од четири години, својата болест ја криеше од јавноста долго време, пишува британскиот Sun. Тој ја открил дијагнозата само на неговите најблиски членови на семејството и некои пријатели.

“Еден ден тој ме одведе настрана и рече дека наскоро нема да може да доаѓа за да следи сè, затоа што напредува неговата болест. Тој ми откри дека има карцином на црниот дроб”, рече режисерот Иво ван Хоу, со кого Боуви имаше многу добра врска, пренесува Headliner.

Продуцентот Тони Висконти, кој работел со Боуви на неговиот последен албум, рече дека ги изгубил косата и веѓите поради хемотерапија. Во средината на 2015 година, Боуви мислел дека тој ја надминал болеста и дека ракот се повлекува, но на крајот на истата година, тој повторно добил лоши вести и дознал дека не му останува многу време.

Јавноста немала поим за неговата состојба.

„Медиумите пишуваа дека тој изгледа одлично, многу здрав, но тој еднаш се онесвести зад сцената од исцрпеност. Тогаш сфатив дека ова може да биде последен пат кога ќе го видам “, рече Хоу.

Влијателниот пејач, текстописец и продуцент експериментирал со глам рок, арт рок, соул, хард рок, танц музика, поп, панк и електроника во текот на неговата кариера, која опфаќа повеќе од 40 години.

Уметничкиот пробив на Боуви дојде во 1972 година со албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders From Mars“ кој ја прикажуваше ѕвездата како вонземјанин.

Соединувајќи ги британските и јапонските влијанија и рок со театарот, Боуви го создаде живописно андрогино алтер его на Зиги Стардаст.Три години подоцна, тој го постигна својот прв голем успех во Америка со синглот „Fame“.

Меѓу неговите незаборавни песни беа “Let’s Dance” од 1983, “Space Oddity”, “Heroes”, “Changes”, “Under Pressure”, “China Girl”, “Modern Love”, “Rebel, Rebel”, “All the Young Dudes”, “Panic in Detroit”, “Fashion”, “Life on Mars”, “Suffragette City”…