Музичката индустрија повикува на застој на работата поради Џорџ Флојд, МТV ги затемни екраните низ целиот свет!

2 јуни, 20200
riri

Американската музичка индустрија денеска ќе ја прекине својата работа на еден ден, реагирајќи на смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, чиј врат го притисна полицискиот службеник во Минеаполис за време на апсењето со своето колено, при што го уби.

Сите три најголеми американски издавачки куќи објавија на социјалните медиуми дека ќе престанат да работат на еден ден и „повторно ќе се поврзат со својата заедница“, пишува BBC. Вработените денес се слободни, а вторникот беше прогласен за „ден на акција, чија цел е да ги охрабри луѓето да преземат одговорност и да се променат“. Interscope вети дека нема да објави нова музика оваа недела, додека Ебро Дарден од Apple Music ги откажа своите радио-емисии.

Голем број на ѕвезди се изјаснија по повод смртта на Флојд. Ријана на Инстаграм ги сподели чувствата на лутина и тага низ кои минува изминатата недела. „Тешко ми е да гледам како мојот народ се убива и јавно се погубува од ден на ден“, напиша пејачката. Бијонсе објави видео на Инстаграм и ги замоли нејзините фанови да потпишат петиција во која се бара правда за Флојд. „Сите бевме сведоци на неговото убиство среде ден. Ние сме скршени и ужаснати“, напиша таа. Killer Mine се обрати до јавноста на полициската конференција во Атланта во саботата. Засегнат од смртта на Џорџ Флојд, тој изјави дека на денот на неговата смрт бил бесен и дека посакал светот да исчезне. „Уморен сум кога гледам како црнците умираат“, рече тој, додавајќи дека приведувањето на полицаецот Дерек Шовин под обвинение за убиство од трет степен не е доволно.

Тој верува дека покрај Шовин, кој го уби Флојд, треба да бидат осудени и неговите колеги кои биле со него за време на трагедијата.Речиси и нема јавна личност во САД која не го искоментира случајот со Флојд. Лејди Гага на својот Твитер изјави дека гласот на црната заедница долго време бил тивок и дека смртта на Џорџ е резултат на расизмот и корумпираниот систем. Тејлор Свифт го изрази својот гнев кон претседателот Доналд Трамп на Твитер, а претседателот не беше поштеден и од предводникот на Guns n ‘Roses, Акл Роуз, кој се обрати директно до Трамп, одговорајќи на неговиот твит.Аријана Гранде, Ј Кол, Тинаше, Ник Канон, Јунгблуд, Камила Кабело и Шон Мендес им се придружија на протестите одржани низ цела Америка во текот на викендот.

МТВ ги затемни екраните низ целиот свет

Младинскиот телевизиски канал МТВ и другите сродни канали ширум светот во понеделникот објавија дека ќе го затемнат екранот и со тоа ќе ја одбележат насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд и ќе им се придружат на другите медиуми во осуда на расната нееднаквост.Тие најавија дека ќе го затемнат екранот за 8 минути и 46 секунди во понеделник во 17 часот по локално време , точно толку време колку што полицаецот го притискаше коленото на вратот  на Афроамериканецот Флојд минатата недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi