Најубавиот актер на светот има коронавирус, снимањето на новиот Бетмен е стопирано

4 септември, 2020
robert

Актерот Роберт Патинсон, за кого експертите тврдат дека е најубавиот човек на светот, е заразен со коронавирус, пишува Vanity Fair.

Снимањето на новиот филм за Бетмен, со Патинсон во главната улога, беше прекинато само три дена откако тие се вратија на сетот по прогласувањето на карантинот.

Портпарол на „Ворнер Брос“ претходно потврди дека еден од актерите е заразен, но сега се знае дека станува збор за Патинсон.

“Член на производниот тим беше позитивен на коронавирус и е во изолација во согласност со пропишаните протоколи. Снимањето е привремено запрено”, рече тој.

Дека станува збор за Патинсон, откриваат анонимни извори на Vanity Fair и Hollywood Reporter, кои додаваат дека актерот успешно се опоравува во изолацијата во која ќе се наоѓа две недели.

Ова е втор пат да се запира снимањето на Бетмен. Прво се случи во март кога беше затворено поради пандемија, а сега се случува повторно.

escort - Korsan taksi