Настрада и малолетно лице: Раперот убиен во Торонто, испукани се повеќе од 10 истрели! (ФОТО)

29 мај, 2020
raper

Раперот Худини е убиен во Торонто, каде се повредени уште две лица, жена и малолетник.

Раперот, чие вистинско име е Димарџо Антонио Џенкинс, беше застрелан на улица околу четири часот попладне, а во пукањето се ранети и 28-годишна жена и 15-годишна малолетник.

Сторителите, како што пишува „Метро“, чекале во заседа повеќе од 40 минути и испукале повеќе од десет куршуми кон раперот.

Тој еден ден подоцна подлегна на повредите во болницата. Худини беше еден од најтримуваните независни уметници минатата година, а неговите песни на Spotify се преслушани повеќе од 19 милиони пати.

Неговите најголеми хитови беа “Late night”, “Myself” и “Backseats”.