Нетфликс го подготвува филмот “The Gray Man”, Гослинг и Еванс во главните улоги

21 јули, 2020
Annotation 2020-07-20 194735

Рајан Гослинг и Крис Еванс ќе бидат главните ѕвезди на новиот шпионски трилер “The Gray Man”, соопшти компанијата Нетфликс.

Филмот, кој е наменет за да создаде нова франшиза како онаа за Џејмс Бонд, ќе го режираат креаторите на “Avengers: Endgame” Џо и Ентони Русо, пишува NME.

“The Gray Man” се базира на истоимениот роман на Марко грини, кој е објавен во 2009та година. Ја следи приказната на главниот лик Корт Џентри (Court Gentry), кој е платен убиец и поранешен оперативец на CIA.

Kris Evans

Гослинг ќе го толкува главниот лик, а Еванс ќе го игра Лојд Хансен, поранешен колега на Џентри од CIA, кој сега го “лови” по целиот свет.  

Почетокот на снимањето е закажан за јануари 2021ва година во Лос Анџелес, а подоцна ќе се преместува на повеќе локации во светот.