Новиот албум на Тејлор Свифт се продаде во повеќе од милион примероци за 24 часа

26 јули, 2020
Annotation 2020-07-26 173927

Иако е најавен само седумнаесет часа пред официјалното објавување, новиот албум на Тејлор Свифт “Folklore”, се продаде во 1.300.000 примероци за само 24 часа, со што стана најпродаван албум во 2020 година.

Според наодите на магазинот “Variety”. Албумот го проби и рекордот за најслушано издание во првите 24 часа, со што имаше повеќе од милион стримови на Спотифај.  

Иако официјалните податоци за продажбата во првата недела ќе бидат достапни дури следниот понеделник, странските медиуми јавуваат дека Свифт најверојатно е уметница која ќе има најголем успех на музичката сцена оваа година, одтавајќи го The Weeknd и неговиот албум “After hours” зад себе.

Албумот “Folklore” е достапен на сите стриминг сервиси и музички платформи.