„Откачената плавуша“ се враќа на малите екрани: Популарниот филм станува серија

16 август, 2020
cluless

Сега фокусот ќе биде на пријателката на главната хероина

Една од најпознатите романтични комедии од деведесеттите години – „Откачена плавуша“ ја доби својата ТВ серија.

Оваа одлука ги изненади, но и ги воодушеви фановите. Шер, која ја игра Алисија Силверстон, повеќе нема да биде во центарот на приказната. Главниот лик ќе биде нејзината најдобра пријателка Дион, која порано играше Стејси Даш. Според изворите, Дион сега ќе биде најпопуларната девојка во училиште, но сите ќе се прашуваат каде исчезна нејзината мистериозна пријателка.

Филмот стана култен класик и е дело на Ејми Хакерлинг. Многумина не знаат, но „ Откачена плавуша“ е модерно толкување на романот „Ема“ на Џејн Остин.

Автори на новата серија се Џордан Редут и Гус Хики, кои создадоа нови епизоди од серијалот „Вил и Грејс“. Ова ги направи фановите уште посреќни, бидејќи новите епизоди на „Вил и Грејс“ се одлични. Тие успеаја да се вратат на малите екрани во целосна слава, што речиси ниту една стара серија не успеа да го направи.

Сè уште не е познато дали некој од актерите од оригиналот ќе се појави во серијалот „Откачена плавуша“. Сепак, фановите се шегуваат дека актерот Пол Рад, 25 години подоцна, може да ја игра истата улога, затоа што тој воопшто не се променил.