Овие ПОЗНАТИ актери се доказ дека изгледот никогаш не треба да ви биде пречка во успехот!

21 ноември, 2020
3-1

Совршената насмевка и цртите на лицето, витката линија, мускулите, се само некои од атрибутите на кои помислуваме кога зборуваме за познатите личности.

Сепак, ова не се главните предиспозиции за успех во глумата, вештините и искуството се исто така многу важни.

Некои актерки и актери порано се најдоа на мета на критики поради нивниот изглед. Но, и покрај сè, благодарение на талентот и упорноста, тие покажаа дека изгледот не е најважен и дека соништата се остваруваат.

Ејми Шумер

Ејми Шумер е најпозната по нејзините улоги во романтични комедии, но оваа талентирана актерка најпрво започна како стенд-ап комичарка. По неколку помали улоги, ангажманот во романтичната комедија „Се чувствувам убаво“ и помогна влезе во светот на глумците. Ејми честопати се соочувала со критики на сметка на нејзиниот физички изглед, но и покрај сè, на ваквите изјави таа одговарала со хумор. Токму поради ова и нејзината храброст да се соочи со светот, таа стана инспиративен пример за многу млади жени.

Питер Динклејџ

Овој одличен актер стана најпознат по улогата на Тирион Ланистер во хит серијата „Игра на тронови“. Но, поради неговата висина од 132 сантиметри, тој многупати се соочуваше со одбивање за некои улоги, иако има повеќе од 20 години актерско искуство. Како и да е, Питер Динклејџ доби бројни награди за својата работа и е доказ дека соништата се остваруваат.

Јалица Апарисио

Оваа мексиканска актерка стана позната откако беше номинирана за Оскар. Се залага и промовира родова еднаквост, правата на домородните заедници и уставната заштита на домашните работници.

Октавија Спенсер
Американската актерка Октавија Спенсер е добитничка на Златниот глобус, БАФТА и 3 SAG награди. Таа исто така доби Оскар за нејзината изведба во филмот „Тајниот живот на домаќинките“. И покрај нејзината долга кариера, таа се соочи со ограничувањата за улогите, но не дозволи ова да стане пречка за неа. За време на едно интервју, таа рече: „Се надевам дека мојот успех ќе послужи како водич за млади актерки од сите раси, Афроамериканци, Индијанци, Латиноамериканци, Азијци… Се надевам дека ќе можам да бидам еден вид светилник на надежта затоа што не сум типична холивудска убавица“.

Ребел Вилсон

Ребел Вилсон, австралиска актерка, комичарка, авторка и продуцентка, е позната по улогата на Дебела Ејми во филмот „Pitch Perfect“. За оваа улога таа ја освои наградата за најдобра изведба на филмските награди МТВ, а наградата за најдобар музички момент ја сподели со други sвезди од филмот „Pitch Perfect“. Многу често се соочуваше со критики за својот изглед, но остави впечаток дека тоа не и пречи премногу. Но, Ребел успеа да ја доведе својата линија до совршенство оваа година. Таа изгуби околу 20 кг, а потоа рече дека само уште три килограми сака да ослабе за да изгледа како што сака.

Роси де Палма

Роси де Палма е шпанска актерка што ја познавате од филмовите на легендарниот Педро Алмодовар и е една од најпрепознатливите женски лица во шпанското кино. Таа глумеше во филмовите „Жените на работ на нервниот слом“, „Законот на желбата“, „Кика“, „Врзи ме!“, „Цветот на мојата тајна“, „Скршени прегратки“, “Jулиета“. Роси не е класична холивудска убавица, но поради нејзиниот стил, оригиналност и талент, и со повеќе од 30 години уметничка кариера, таа сè уште е една од најценетите славни личности во европското кино.

Џон Бредли-Вест

Британскиот актер е најпознат по тоа што го играше Самвел Тарли во серијалот „Игра на тронови“ на HBO. За време на едно интервју, тој рече дека е навистина благодарен на продуцентите на серијата. Тој кажа дека тие играле важна улога во помагањето да го прифати своето тело како што е. Всушност, продуцентите на HBO бараа некој што изгледаше токму како него, и тоа очигледно придонесе многу за напредување во неговата кариера.

Џош Гад

Американскиот актер, комичар и пејач Џош Гад стана познат низ целиот свет по улогата на Олаф во филмот „Снежното кралство“. Таа улога му донесе две Annie награди. Џош призна дека добил многу одбивања пред овој успех. Затоа тој сметал дека можеби требал да се откаже од актерството, но неговата мајка го туркала и охрабрувала кога му било најпотребно. Неговата мајка му рекла дека е „разочарана од него бидејќи тој сонувал за тоа од 15 години и дека е кукавички да се откаже“. Охрабрен од овие зборови, Џош решил да си ја испроба среќата и не сакал да се откаже, што, како што се покажа денес, било одлична одлука.