Овој голем хит најпрво бил наменет за Ријана!

29 мај, 20200
riri

Хардкор фановите веројатно знаат дека песната Same Old Love не била секогаш наменета за Селена Гомез.

Пред  Селена да ја објави во 2015 година, Ријана ја објави на Твитер. Шест години подоцна, благодарение на страницата „PopCrave“, фановите ширум светот можеа да слушнат како би звучело доколку таа би ја изведувала.

Зад песната стојат Микел Сторлер Ериксен, Бени Бланко, Рос Голан, Чарли XCX и Тор Ерик Хермансен, и иако на многумина им се чини дека песната совршено одговара на вокалите на Ријана, беше откриено и зошто таа песна никогаш не се најде на нејзиниот албум.

Како што објасни Чарли XCX, Ријана ја снимила, но песната не одговараше на сензибилитетот на албумот „АНТИ“.

„Мислам дека Ријана требаше да ја отпее оваа песна во еден момент, но тогаш правецот на нејзиниот албум се смени и песната не и одговараше“, откри Чарли за американските медиуми, додавајќи: „Тогаш Селена ја слушна песната и и се допадна, таа ја испеа и совршено и одговараше на нејзиниот глас и нејзината приказна. Песната беше толку реална и емотивна кога ја испеа. Многу сум среќен затоа што таа ја избра, таа е многу храбра .“

Селена ја објави песната на албумот „Revival“, за кој многумина тврдат дека е посветена на нејзината проблематична врска со Џастин Бибер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *