„Патувањето продолжува“: Лејди Гага најави нов албум што ќе излезе на крајот на мај

9 мај, 2020
lejdi-gaga

Новото остварување ќе се вика „ Chromatica“ и ќе има 16 песни.

Ако сте обожавател на делата на пејачката Лејди Гага, тогаш наскоро ве чека убаво изненадување. Имено, музичката везда откри дека на крајот на мај, поточно на 29 мај, ќе го објави својот нов албум.

Новото остварување ќе се вика „Chromatica“ и ќе има 16 песни. Новиот албум можеше да се појави порано, но Лејди Гага не сакаше да го објави поради пандемијата на корона вирусот.

Доволно е застрашувачко време за сите нас и додека верував дека уметноста е најсилното нешто што ќе ни овозможи радост и заздравување, сфатив дека едноставно не е во ред да издадам нов албум заради глобалната пандемија – рече пејачката.

Лејди Гага го објави својот нов албум на Инстаграм.