По големото финале на хит серијата „The Undoing“, се огласи и Хју Грант!

1 декември, 2020
1356243

Цели шест недели, гледачите ширум светот внимателно ја гледаа новата хит серија „The Undoing“ за да откријат кој навистина ја уби Елена Алвеш. И додека откритието на убиецот изненади многумина, исто и разочара многумина, а главниот актер Хју Грант ја претстави својата верзија.


Се чини дека одговорот бил „пред носот“ на ТВ гледачите и тие ја гледале новата серија на HBO во еден здив, која стана хит преку ноќ. Секако, станува збор за серијалот „The Undoing“, која може да се гледа и на MAXtv, а во кој главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Хју Грант.

Грант, во улогата на Џонатан Фрејзер, кој е главен осомничен уште од самиот почеток, кога ќе се открие дека тој е убиецот, а сè е официјално потврдено во последната, шеста епизода, со што се заокружува целата приказна. Иако ова конечно стави крај на шпекулациите за убиецот, сè ‘се пресели’ на социјалните мрежи и се развија жестоки дискусии, што дополнително и даде на хит-серијата бесплатен PR.


Лицето на кое најмногу му олесна затоа што сè конечно заврши со сигурност е Хју Грант, славниот Британец кој даде интервју за „IndieWire“ утрото по емитувањето на финалето на серијата, во кое откри дека последниот месец и половина е доста „заморно и исцрпувачки“ за него.


На прашањето на новинарите дали од самиот почеток знае дека неговиот лик ќе биде убиец, Хју Грант рече: ‘О Боже, секако дека знаев. Не можев да го сторам тоа на друг начин. Имавме сценарио пред да започнеме со снимањето и јас бев многу вознемирен поради тоа. За да ме „привлечат“, тие ми покажаа еден или две сценарија, а потоа им реков дека нема да снимам додека не знам како ќе заврши, како и дали сум виновен или не. Очигледно ми беше бесконечно поинтересно да бидам социопат и убиец отколку неверен сопруг кој треба да ги убеди сите за својата невиност“.


Потоа Грант се осврна и на тоа колку знаењето дека тој е убиецот му помогнало или го попречувало во снимањето на првите пет епизоди, знаејќи дека лаже цело време. ‘Имаше мал конфликт бидејќи работата на актерот е секогаш да остане верен на неговиот карактер. Затоа, за да прикријам сè, го создадов овој лик на нарцис и социопат. Тој едноставно е еден од оние луѓе кои веруваат во својата лага, скоро исто колку и Трамп кој е убеден дека имало изборни измами, иако веројатно е свесен дека тоа не е точно.’


Последните шест недели, вели тој, биле доста исцрпувачки за него и тој следел сè на Твитер за да види како гледачите размислуваат’. Сепак, тој признава дека по прикажувањето на финалето, не отишол да ги види реакциите на социјалните мрежи.

„Не чекав затоа што сè требаше да заврши во 2 часот по полноќ, според нашето време, па легнав. Ми требаше пауза. Сепак, во еден момент погледнав нагоре, кога едно од моите деца, иако никој никогаш не се буди ноќе, стана. И тогаш Твитер ме „повлече“ неколку часа, откри Грант, признавајќи дека се плаши од реакциите на луѓето, кои на крајот беа на негова страна, бидејќи гледачите не криеја дека се воодушевени од неговата глума.