Порно sвездата Зои Паркер почина во сон!

15 септември, 2020
нас

Зачекори во светот на порнографијата на 18 години, неодамна се пензионираше и беше навистина среќна

Ѕвездата на филмовите за возрасни, 24-годишната Зои Паркер почина на 12 септември, наводно во сон.

Официјално не е соопштена причината за смртта на младата порно актерка.

– По напуштањето на порно индустријата, Зои Паркер се врати дома во Тексас за да биде близу до семејството и да започне нов живот. Одлично се снаоѓаше и неодамна објави дека ќе се вери. Судејќи според нејзините објави, таа изгледаше навистина среќно, за прв пат во нејзиниот живот.

Доколку се верува на профилот на починатата актерка на Интернет базата на податоци за филмови за возрасни, таа влезе во светот на порнографијата на 18-годишна возраст и се појави во повеќе од 120 сцени во периодот од 2014 до 2020 година.

Таа дури беше номинирана во 2017 година за најдобра сексуална сцена во виртуелната реалност.

Во едно интервју од 2017 година, на прашањето што би ги советувала жените кои се во порно индустријата, таа одговори: „Да заштедите пари“.