Принцезата Дајана четири пати се обидела да си го одземе животот? Нов документарен филм за нејзиниот живот

4 мај, 20200
дијана

Нетфликс снима нов документарец за смртта на починатата принцеза. Принцот Вилијам и неговиот брат Хари наскоро повторно ќе се соочат со проблемите од нивното минато. Имено, на Нетфликс се очекува да излезе документарец за животните случувања на нивната прерано почината мајка, принцезата Дијана. Помеѓу другото, во документарецот се искажани тврдења дека принцезата се обидела во повеќе наврати да си го одземе животот- дури четири.

Несреќно детство, лош брак, психички нарушувања …

Документарниот филм, насловен како Јас: Дајана, е предвидено да има четири продолженија, а ќе ги следи борбите на принцезата за нејзиното лошо ментално здравје, нарушувања во исхраната, несреќниот брак со принцот Чарлс и болното, несреќно детство.

Тие се во неблагодарна ситуација, бидејќи Нетфликс веќе соработуваше со принцот Хари, а тој и сопругата Меган во моментов преговараат за стриминг услугите во врска со идните проекти.

Дали контроверзниот документарен филм ќе ги наруши односите и можните преговори?

Документарецот, кој се подготвува, наводно ќе биде прикажани досега невидени снимки на принцезата Дајана од 1990 до 1992 година, а ќе ја следи нејзината внатрешна борба пред нејзината одлука да се разведе од принцот Чарлс.

Ниту кралското семејство, ниту семејството на принцезата Дајана, нема да учествуваат во документарецот, тие одбија да кажат било што и да снимаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi