Русите и американците во трка, кој прв ќе сними филм во вселената: Од едната страна Том Круз, од другата жена

9 ноември, 2020
nasa-ollj17tuznu-unsplash-830x0


Според одлуката на продуцентите на првиот руски филм што ќе се снима во вселената, главниот лик сепак ќе биде жена, иако претходно беше најавено дека ќе се одржи кастинг за актери од двата пола, јави ТАСС.

Драмата наречена „Предизвик“ е заеднички проект на руската вселенска агенција Роскосмос, Првиот канал и студиото „Жолто, црно и бело“, а снимањето на Меѓународната вселенска станица е најавено за есен следната година. Продуцентите одлучија дека за заплетот на филмот е подобро главниот лик да биде женски, иако претходно беше најавено дека ќе се одржи кастинг за актери од двата пола, објави рускиот Прв канал. Првиот канал наскоро ќе објави кастинг во Русија, каде ќе биде избрана актерка која ќе го толкува главниот лик, како и нејзина резервна копија.

View this post on Instagram

Старт беспрецедентного проекта 🚀 ПЕРВЫЙ в истории художественный фильм, снятый в космосе. Первый в истории отбор и кастинг одновременно. И самое главное — GIRLS ONLY. Да, участвовать могут только девушки. Это шанс изменить свою жизнь и войти в историю как космонавтики, так и кинематографа! Если вы готовы принять этот «ВЫЗОВ» — это ваш шанс. Мы совместно с Первым каналом и студией Yellow, Black and White объявляет конкурс открытым. Поехали! Подробности: 1tv.ru/kosmos Рабочее название картины — «Вызов». И это не только о фильме — это вызов самой себе, возможность осуществить самую романтическую мечту и отправиться к звёздам ⭐

A post shared by Роскосмос // Roscosmos (@roscosmosofficial) on


Кандидатите за главна женска улога мора да имаат руско државјанство, да знаат англиски на основно ниво, а исто така мора да ги исполнуваат условите за висина (150-180 см) и тежина (50-75 кг). Жените на возраст од 25 до 45 години ќе можат да учествуваат на натпреварот. Актерката што ќе ја игра главната улога ќе мора да помине обука за астронаути и да добие одобрение од Комисијата за летови во Роскосмос. Претходно беше најавено дека филмот ќе го режира Клим Шипенко. Тој рече дека планира да оди на Меѓународната вселенска станица за да снима филм.