Сите очи вперени кон младата италијанска актерка која снимаше 18+ сцена со Никол Кидман!

16 ноември, 2020
матилда

Младата италијанска актерка откри какво е чуството да се бакнува со Никол Кидман

Матилда де Анџелис, 25-годишна девојка која ја игра Елена Алвеш во познатата нова серија „The Undoing“, заедно со Хју Грант и Никол Кидман, открила како е да се снима жешка сцена со холивудска sвезда.

„Не можам да ви кажам дали таа се бакнува добро или не затоа што тогаш бев премногу нервозна“, рече таа. “Повеќе се грижев за себе затоа што не бакнувам добро. Се обидов да и украдам сè, само гледајќи ја”, додаде таа.

6-епизодната мини-серија на HBO е првата американска продукција на младата Италијанка и нејзината прва улога на англиски јазик. Де Анџелис, која живее во Рим, со месеци студирала англиски јазик пред да замине во Њујорк минатата кодина кога прв пат го посети додека се снимаше серијата.
“Бев многу возбудена, Њујорк е можеби најпознатиот град во светот. Беше толку возбудливо да се шетате и да се изгубите во градот”, изјави таа.

Матилда првата улога ја доби на 20-годишна возраст, а оттогаш имала соработка со бројни италијански проекти, а мини-серијата на Дејвид Е.Кели ќе и отвори многу нови врати.

Патем, фотографиите фатени за време на жешката сцена, во кои 25-годишничката се соблече скроз гола, станаа вирални и на социјалните мрежи.

Де Анџелис доби улога Леонардо во претстојната биографска серија за Леонардо да Винчи, снимена во копродукција на повеќе земји.

escort - Korsan taksi