Сплетки и интриги во новата сезона на Преспав – погледнете го тизерот (видео)

2 декември, 2020
Сплетки и интриги во новата сезона на Преспав – погледнете го тизерот (видео)

Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами … и понекој турист – на официјалната Facebook страница на „Преспав“ ја најавија новата сезона од хумористичната серија.

Првата епизода од македонската серија се емитуваше пред четири години и по само неколку епизоди, сите се вљубивме во неа.

Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во нашата држава, во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат. Ова, пак, е причина за многу конфликти и комични ситуации во кој ќе се препознае речиси секој.

Наскоро можеме да ја очекуваме новата, петта сезона од серијата која ќе се емитува на МРТ1.

А, додека ги чекаме новите епизоди, погледнете го првиот тизер трејлер:

escort - Korsan taksi