Тие го повторија култниот бакнеж што ја шокираше јавноста пред 21 година, а се потсетија и на реакциите што ги предизвикаа!

8 декември, 2020
selma-smg


Селма Блер и Сара Мишел Гелар се бакнаа во филмот „Сурови намери“ од 1999 година. Филмот тогаш беше вистински хит, а и ден денес уште се гледа. Актерките сега го повторија својот бакнеж.


Селма Блер и Сара Мишел Гелар на оригинален начин ја објавија церемонијата на доделувањето на наградите „MTV Movie & TV Awards“ минатата недела и ги воодушевија обожавателите ширум светот.
Имено, актерките го повторија својот бакнеж од филмот „Сурови намери“, кој беше хит кога се појави во 1999 година, но предизвика и полемика поради некои интимни сцени.

“Подготвена сум за наградата МТВ. Гледајќи наназад 20 години… Бакнеж. Помеѓу две млади актерки. На екранот. Во еден филм за тинејџери. Тоа беше сладок и вкусен бакнеж за мојот лик Сесил и таа сакаше повеќе. И морам да кажам дека беше многу добар бакнеж. Она што ми се чини вкусно е она што не е шокантно во 2020 година. Чест ми е да ја бакнувам мојата драга пријателка Сара, која беше со мене низ целата возбуда, бавни времиња, промени, деца, во болест и здравје. Ти благодарам , Роџер Кумле, што ми го даде мојот прв голем филм. И што ми даде простор да кажам дека ми е чест да бидам актерка. Мојот сон се оствари. Сите да се бакнеме повторно еден ден. Овој бакнеж секогаш ќе биде пример за гордост“, истакна Селма.


Токму на снимањето на филмот „Сурови намери“ девојките се запознаа и тие останаа блиски до денес. Блер, кој инаку се бори со мултиплекс склероза, во неколку интервјуа истакна дека Сара Мишел Гелар е една од пријателите на која секогаш може да се потпре.
Во филмот, Селма ја отелотвори Сесил Калдвел, додека Сара ја играше Кетрин Мертејл. Нивниот бакнеж од „Сурови намери“, исто така, ја освои наградата „МТВ“ за најдобар филмски бакнеж.