Тој стана легенда: Елтон Џон доби паричка со својот лик (ВИДЕО)

7 јули, 20200
Тој стана легенда: Елтон Џон доби паричка со својот лик (ВИДЕО)

Пред него, само групата „Queen“ доби британска монета

Елтон Џон е вториот уметник кој се најде на денешната комеморативна монета на Тhe Royal Mint, пренесува Ројтерс.

Монетата е дизајнирана од Бредли Морган Џонсон, а на неа се прикажани ноти, како и капа и очила по кои е познат Елтон Џон. Славниот пејач изјави дека имал чест што е препознатлив на овој начин. Тој посочи дека последните неколку години ги содржат најзначајните моменти во неговата кариера и дека ова признание претставува уште една „скромна пресвртна точка“ на неговиот пат.

Елтон Џон веќе ја има титулата витез, која му беше доделена во 1998 година од британската кралица Елизабета. Познатиот пејач е втор по ред што се најде на монетата на британскиот Royal Mint од серијата Музички легенди, по рок групата Queen.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi